речник контакт

Креонт, вечерва премиерно на Стоби

“Креонт” е составена од четири антички трагедии: Едип Цар, Едип во Колон, Седумтемина против Теба и Антигона.За прв пат во десетогдишната историја на ,,Стоби,, се работи копродукција специјално нработена за фестивалот.

Петар Печков

 Вечерва на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, во 21 часот, премиерно ќе биде изведена претставата ,,Креонт,,во копродукција на Драмски театар од Скопје, Су Продукција и Фестивалот ,,Стоби,,. Режисер на претставата е Димче Николовски. Претставата “Креонт” е составена од четири антички трагедии: Едип Цар, Едип во Колон, Седумтемина против Теба и Антигона.

Креонт е ликот кој се наоѓа во центарот на овој проект. Тој е претставник на обичните луѓе. На сите оние кои несвесно учествуваат во манипулациите на други. Се борат за агенда која е измислена од други и постои за добробит на трети. Неговиот живот е жив пример за тоа што значи да се наоѓаш на погрешно место во погрешно време. Секој човек најмалку еднаш во животот ја имал дилемата на Креонт, наоѓајќи се помеѓу две кардинално различни одлуки кои изгледаат еднакво правилни – вели директорот на фестивалот Зоран Љутков за претставата.

Ова е прв пат во десетогдишната историја на ,,Стоби,, да се работи копродукција специјално нработена за фестивалот. Во претставата настапуваат Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски, Петар Темелковски, Ева Скендеровска, Кристина Ласовска, Слаѓана Вујошевиќ, Илија Илиоски, Игор Георгиев, Жарко Димоски и Александар Герогиевски.  Сценографијата и костимографијата се на Тихомир Спировски, а автор на музиката е Горан Трајковски.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »