речник контакт

Кристијан Ефремов ќе учестува на СП во атлетика во сала во Портланд САД

Велешанецот е единствен претставник на Македонија, ќе трча на 400м

Петар Печков

Кристијан  Ефремов е единствениот натпреварувач од Македонија  кој ќе учествува  на СП во сала во атлетика кое се  одржува  во Портланд САД  од 17 до 20 март. Ќе настапи на трката на 400 метри на 18 март  во 11:35 локално време (19:35 македонско време). Пријавен е  со резултат 49.49, кој што го постигна на 30 јануари годинава на митинг во Стокхолм, Шведска. Тоа е негов  личен рекорд во сала,  а на отворено неговиот   личен рекорд е 47.92. 

Во Портланд атакувам на нов личен рекорд и се надевам дека достојно ќе ја претставам Македонија. Резултатите од зимскиот период ветуваат многу, за одлични резултати за сезоната на отворено  - најави Ефремов пред заминувањето за САД.  

Тој е е единствен преставник од Македонија на СП и патува сам без тренер. Ефремов веќе повеќе од година живее и тренира во Стокхолм, Шведска, и  е дел од клубот Хамарби. Учесник е на  ЕП во сала во Париз во 2011-та, СП во сала  во  Истанбул  и ЕП во Хелсинки на отворено 2012-та.    учестуваше на Олимпијадата во Лондон,  на Медитеранските игри во Мерсин -Турција 2013-та, на Европските игри во Баку 2015-та. на СП во Портланд има пријавено 148 држави уечснички и 547 натпреварувачи.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »