речник контакт

Кровот ја растури надежта дека Македонија ќе игра во Велес

Поради кровот од сaлата Гемиџии кој прокиснува, РФМ реши сребата помеѓу Македонија и Литванија (жени) да се игра во Скопоје

Петар Печков

Надежите дека Велес по подолго време, по години, ќе бдие домаќин на еден официјален  меѓунроден натпревар во екипен спорт, се растури. По инспекцијата на РФМ на салата Гемиџии, и констатацијата дека кровот прокиснува, тие решиле  Велес да не биде домаќин на средбата помеѓу Македонија и Литванија, во квалификациите за ЕП во ракомет жени а закажана  е за 18-ти октомври.

Органзиаторот Ракометната федерација стравувале дека во случај на дожд и врнежи, може да се случи натпреварот да биде нерегуларен, по што би следеле и казни од ЕХФ. Поради тоа, и покрај желбите Велес да биде домаќин, тоа не се случи.

Интерес за натпрваро да се одигра во градов покажа и претседавачот на Советот, Чадиев, кој потврди дедка тие ќе ги платат трошоците за одигрување на средбата, што го бараше РФМ. Но до ова не дојде. Сега останува ЈП Парк Спорт и локлната власт, да сторат се за кровот од салата Гемиџии да се поправи, за да може да се играат други следни меѓународни средби во Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »