речник контакт

Кружен тек, како лек за сообраќајните гужви

Дали е можно во градот да добиеме четири нови кружни текови, за да се избегнат сообраќајните гужви?

Петар Печков

Заради избегнување на сообраќајниот метеж на главните градски улици,  кој се создава во ударните шпицеви,наутро и попладне, кога се оди и враќа од работа, локалната власт бара начин како да се реши овој проблем. 

Поради ова се изработени идејни решенија за четири локации во градот каде би требало да се изгради кружен тек. Тоа се на главната улица Благој Ѓорев, кај  т.н. Бугарската амбасада и кај,, Авона,, во Нова населба, како и на два приоди, влезови во Велес, кај Башино село кај ,,Дине,, и на влезот од Штип, кај Бензиската пумпа. 

Откако овие идејни решенија ( ако ) бидат  прифатени од Министерството за транспорт и врски, по нив треба свое мислење да каже Сообраќајната полиција при СВР Велес,  за на крај да се донесе и одлука на Советот на општина Велес за изградба на потребната инфраструктура за кружен тек.

Проблемите со кој веќе подолго време се судруваат велешани во утринските и попладневните часови резултираат со долги колони возила, нервози кај возачите навреме да стинат на работа или дома и со сообраќаен хаос.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »