речник контакт

Културното наследство на Чешка преку фотографии пред велешани

Изложбата содржи 21 фотографија, 12 фотографии со споменици на УНЕСКО и 9 фотографии со замоци и дворци во Република Чешка

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата на фотографии насловена „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“.Изложбата содржи 21 фотографија, 12 фотографии со споменици на УНЕСКО и 9 фотографии со замоци и дворци во Република Чешка .

 Преку фотографиите посетителите можат да се запознаат со културното и историско наследство на оваа држава,  бидејќи    ги содржи најрепрезентативните градби и природни убавини во Република Чешка. Секако посебно место заземаат спомениците кои се впишани во листата на светско наследство на УНЕСКО и на посебен начин ги запознава посетителите со природата, минатото и културата. Изложбата ја отвори чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш.

Во овој турболентен период на живеење, сакавме да Ви  подариме подарок пред Вашите празници. Треба да се  одмориме од  бурните времиња и затоа  оваа  поставка, која е  мала но  го покажува  нашето големо културно наследство. За вашите граѓани ова е  еден позитивен момент пред   новогодишните празници. Во овие замоци се снимаат филмови, тв серии и се многу познати кај нас но и во светот - изјави амбасадорот Рамеш.  

Тој потсети дека Чешка изобилува со замоци и споменици, а 12 од нив се заштитени и од УНЕСКО. Директорката на Народниот музеј од Велес, Елица Николова потсети дека ова е уште една изложба во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.

Приказните за замоците и дворците раскажани преку записите на фотографиите доближуваат еден период од средновековната историја на Чешка т.н. мрачен период во Европа, период на непријателства, војни и рушења, но и период на изградба на прекрасни објекти кои воодушевуваат со начинот на својата градба и монументалност и кои денес се заедничко културно наследство во светски рамки - изјави Николова.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »