речник контакт

Кумановецот кој изврши разбојништво над кумановски судија доби 12,5 години затвор

Неговиот соучесник и помошник во делото Бедрид Ковачи (49 год) од скопски Сарај, кој е во бегство и му се суди во отсуство, доби две години за тешка кражба

Петар Печков

Кумановецот  Орце Миленковски ( 40 год)  во Основниот суд во Велес доби затворска казна од 12 и пол години за две кривични дела -разбојништво и тешка кражба.   Неговиот соучесник и помошник во делото Бедрид Ковачи (49 год) од скопски Сарај, кој е во бегство и му се суди во отсуство,  доби две години за тешка кражба.   

Тие беа прогласени  виновни за делата кои ги сториле на почетокот на минатата година.   Настанот се случил на 2-ри јануари 2017-та во викендичката на оштетениот Зоран  Смоларски, кој е судија во Основен суд Куманово, кога заедно со соседот Власте Димчевски биле да го  обиколат објектот. Кога влегле, внатре биле обвинетите Миленковски и Ковачи. 

Според обвинението Миленковски со пиштол им се заканил  ,,стој ќе ве убијам,,.  Потоа двајцата обвинети  ги врзале со јаже им одзеле пари, украле предмети кои биле во просторијата во вредност од  49 илјади денари и побегнале.  Миленковски и Ковачи кога го сториле делото, биле во бегство од затворот Идризово, каде отслужувале казна. 

Миленковски откако одлежал осум години завор за недозволено поседување огнено оружје и за кражба,   бил осуден за виновен за убиство во обид на двајца сопружници од Крива Паланка во февруари 2014-та, за што доби казна затвор од 15 години. Додека Ковачи за грабнување на бизнисмен од Кавадарци во април 2008-та,   доби 2 и пол години затвор.  Миленковски во завршниот збор  кажа, без оглед што има да одлежува уште 13 години за претходното дело,  дека за две години ќе излезе од затвор а мотивите да го стори ова разбојништво беа во теорија на завера против него. 

Судијата Смоларски не беше вклучен во процесот против мене во судот во Куманово, но правел нешто против мене за да добијам таква казна - кажа Миленковски.  Тој бараше да се изврши психијатриско вештачење дали бил свесен кога го сторил делото, оти бил под влијание на дрога. Вештачењето таквите наводи не ги потврди, туку напротив дека бил свесен кога го сторил разбојништвото и тешката кражба.  

Неговиот бранител адвокат Александра Михајловска во завршен збор со одбрана дека изречените казни немаат ефект кај Миленковски.

Репресивните, затворски казни кои се изречени за други претходи дела, не дале резултат врз обвинетиот. Тој и натаму е сторител така што прашање е колку ќе има влијание врз неговото однесување нова затворска казна. Ниту со изречените казни тој се ресоцијализирал  - рече Михајлова.   

Судењето беше во Основен суд Велес, поради тоа што  оштетениот  Смоларски е судија во Основен Суд Куманово. Обвинетиот Миленковски во судот во Велес во три наврати беше донесен со силно полициско обезбедување а на првото рочиште предизвика и инцидент.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »