речник контакт

Куп на Македонија во велосипедизам, по велешките улици

Стотина велосипедисти возеа на релацијата Велес – Градско – Богомила, Купот за Јоже Јованов. Домашната надеж, јуниорот Костадин Петров иако водеше убедливо, падна пред целта и стигна втор

Петар Печков

 Куп пехарот кај сениорите го освои Јоже Јованов  пред Дарко Митковски  и двајцата од ВК Енерџи од Скопје а трет беше  Зоран Ристовски од Вело-М од Куманово.  Во јуниорска конкуренција победи Никола Ѓукиќ од Вело-М, втор беше Костадин Петров  од МВК Велес кој иако имаше голема предност на стотина  метри пред целта падна и го загуби водството а трет беше Левент Лифат од ВК З`ш точак од Охрид. 

Во овие две категории се возеше на релацијата Велес – Градско – Богомила во должина од 110 км. Кај кадетите победи Јован Јованов од ВК Екодрим од Охрид, пред Денис Колевски од Вело М и Борис Захариевски од   ВК Енерџи. Кај девојките  победи Ангела Антовска од ВК Енерџи до Скопје. Тие возеа на пократка патека, од Велес преку Чашка до Богомила во должина од 60 км. МВК Велес беше домаќин  и организатор на велосипедска трка  која се возеше за Купот на Македонија.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »