речник контакт

Куртагиќ и по втор пат ослободен од обвинението за убиството на Бајро Ибрахимовиќ

Супер вештачењето на листинзите од телефонските разговори на докажало дека двете лица во критични часови биле на заедничка локација

Петар Печков

Адис Куртагиќ ( 36 год) од Горно Оризари е ослободен од обвинението за убиство, според кое го убил неговиот пријател Бајрам Ибрахимовиќ ( 33 год). Судијата Шефшет Адеми одлучи дека нема докази  дека делото за код се товари Куртагиќ тој и го сторил.

Материјални докази за убиството нема, и меѓусебната поврзаност обвинителството ја носеше од  листинзите на меѓусебната телефонска комуникација на двете лица, во критичниот период.   

Ова е втора ослободителна пресуда, откако првата исто така ослободителна Апелација ја врати. Таа побарала да се испита    околноста дали во времето наведено во обвинението како време на извршување на убиството, обвинетиот Куртагиќ бил заедно со  сега покојниот Ибрахимовиќ.

Во супер вештачењето на двајца професори од Технолошки факултет во Битола, констатирале дека од доставените листинзи со остварени повици и пораки не може да се одреди локацијата на двата телефонски апарати - обвинетиот ми убиениот,  за временскиот период меѓу 20.59 и 22.14 часот коа патолозите утврдиле дека настанала смртта.

,,Со оглед на големиот опсег на покривање на базните станици не може да се утврди дали двете лица биле заедно во критичниот период, а е очигледно дека биле во реонот кој што е покриен од повеќе базни станици, но не може да се тврди дека двете лица биле заедно и на која локација,, пишува во вештачењето. Врз основа на ова судијата ја донел и ослободителната пресуда.   

Бајро  Ибрахимовиќ е убиен на 24 март 2014 година, во напуштена куќа во близина на  Бензинската пумпа на влезот во Велес, во терминот од 21 до 22,15ч а телото било во фаза на распаѓање.   Сторителот сурово и безмилосно го застрелал Бајро со еден куршум во тилот, од пиштол   од непозната марка   со калибар 7,65 мм. Во џебовите на убиениот  биле пронајдени бели медицински ракавици и спреј за онеспособување.  Телото на починатиот беше пронајдено две седмици подоцна, на 11 април, од деца кои собирала полжави во тој предел, откако 25 дена се трагаше по него и се водеше како исчезнат. Вехбо Ибрахимовиќ, чичко на застреланиот,  како сведок во процесот на првото судење  јавно   изрази сомневање дека обвинетиот го сторил делото.

Бајро и Жуќо беа толку блиски пријатели, неразделни така што не верувам дека тој го убил внукот. Но бил присутен кога се случило и знае кој е сторителот. Цело село знае кој е убиецот, но никој на сака јавно да зборува, ги страв, се плашат - рече  тогаш Вехбо. Во завршните зборови адвокатот на Куртагиќ,  посочи на зборови на сведок, кажан во расправата.

Последен пат Бајро жив е виден среде село во Горно Оризари, критичниот ден околу 16, 45  како се качува во бел пик ап со скопски регистарски таблички. Влегува и потоа   се губи во непознат правец -рече бранителот Борче Стојанов. Потсети дека не е најден ниту пиштолот, ниту неговиот клиент имал мотив за убиството. Пресудата не е правосилна.    

АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »