речник контакт

Кучињата скитници во Велес се убиваат, наместо да се згрижуваат

Од ветеринарната станица тврдат дека се убиваат само болните кучиња. Граѓанскиот сектор бара стационар за кучињата скитници.

Петар Печков

Кучињата скитници во Велес се убиваат, наместо да се згрижуваат, тврдат од граѓанскиот сектор. Тие имаат информации дека во градот има акција на усмртување на овие животни, која ја спроведува Ветеринараната станица.
      

Директорот на овваа институција ни соопшти дека ќе започнат да ги убиваат кучињата низ Велес.  Кој  ја донел оваа  нехумана одлука да се започне со еутаназија на велешките кучиња и како е таа донесена. Наместо да се згрижуваат, тие се убиваат – вели Робертино Васков претседател на   Здружението за  заштита на животните ,,Обезбеди живот,, .

Тие имаат решение за кучињата бездомници и предлагаат да се изгради прифатилиште, за кое имаат обезбедено плац. Но нивното барање за помош во изградбата на објектот, локалните власти го отфрлиле. Од Ветеринарната станица негираат дека спроведуваат акција за   усмртување на кучињата. Директорот на оваа  институција Димче Димитриевски,  објаснува дека нивните екипи единстено од хумани причини извршувале еутаназија, само на агресивнтие кучиња, кои  нападнале или искасале граѓани и кучиња кои се болни  па не може да се лекуваат.

Димитриевски појасни дека кучиња се фаќаат, се успиваат и по прегледот  кога ќе се констатира дека е здраво, тоа се обележува, кастрира и повторно враќа на улциа. Оваа нивна акција ја изведувале во соработка локалните власти, во согласност со годишната програма, усвоена од Советот на општината.  Од друга страна граѓаните на Велес реагираат на големиот број кучиња скитници, кои се опасност за минувачите.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »