речник контакт

Кучињата скитници се побројни по градските улици

Досега во Брзата помош не се јавил граѓанин кој е каснат, но велешани реагираат на големиот број глутници кучиња кои ги има по градот

Петар Печков

Бројните кучиња скитници ги окупираа велешките улици.  Граѓаните стравуваат  по сопствената безбедност кога минат покрај глутниците кучиња, кои ги има на сите јавни површини. Тие бараат спас од локалните власти, да се преземат мерки со кои кучињата  скитници  ќе ги нема од градот.

Наутро, навечер, по главната градска улица, по парковите, секаде се присутни глутници. Ги има по пет шест кучиња, меѓу себе се борат, се бркаат и признавам дека стравувам и за мене и за моите внуци. Не можеме да излеземе да прошетаме. Треба да се преземат мерки,  бидејќи ова е грда слика но и опасна по граѓаните – велат велешани. 

  Според нив кучињата  наесен доаѓале во град, по храна, откако претходно биле по околината и таму живееле и се прехранувале. Од локалната самоуправа објаснуваат дека  надлежностите за ова тие ги пренеле на Ветеринарната станица, која се грижи за кучињата скитници.  Од таму објаснуваат дека  се врши вакцинација и кастрација на кучињата.

Кучињата кои се низ градот се вакцинирани против беснило. Животните кои не можат да се излекуваат а се болни ги еутанизираме. Тоа се нашите обврски и можности – велат од Ветеринарната станица во Велес.

Од здруженијата за заштита на животните сметаат дека проблемот во Велес ќе се реши ако се изгради стационар, каде ќе се сместуваат кучињата скитници. Од Брзата помош во последниот месец немало пациент кој дошол да побра интервенција, поради каснување од куче.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »