речник контакт

Куќата на Водно, најдобар објект во Македонија за 2015-та

Помеѓу седумте пристигнати трудови, архитектите го избраа овој објект за најуспешно реализирано дело. А кои се најуспешните во светот?

Петар Печков

Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија беше врачена Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година.

Добитници на едно од најзначајните признанија за архитектура во Република Македонија, Големата годишна награда е Куќа на Водно, ул. “Питу Гили“ бр. 33 – Скопје, на авторите: Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска.  Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ во своето обраќање истакна дека архитектурата отсекогаш била јавна дисциплина и дека ААМ секогаш го негувала архитектонското наследство и творештво.

„И покрај најлошиот перид во историјата на нашата архитектурата, сепак, квалитетната архитектура никој не може да ја сопре“,  посочи Раѓеновиќ Јовановиќ пред присутните.

- Сметам дека Големата годишна награда останува едно од највредните признанија во сферата на архитектурата што се доделуваат во Македонија. УО на ААМ претпазливо формираше комисија составена од архитекти со интегритет и творештво, со единствена цел, стручност во вреднување на архитектурата – изјави Раѓеновиќ Јовановиќ, и на крај му се заблагодари на претседателот  Иванов за неговото покровителство, кој, и покрај тоа што, за жал, на градот му се случува СК 2014, препознава квалитет и ја поддржува современата архитектура.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »