речник контакт

Куќите на Џинот и Касапови, куќи на уметноста

Спомен куќите на Јордан Хаџи Константинов - Џинот и на Касапови во стариот дел на градот се пренаменети во куќи на уметноста, вака решија членовите на општинскиот Совет.

Петар Печков


Двете куќи на уметноста се сопственост на Општина Велес, а со нив ќе раководи и ќе ги одржува Народниот музеј. Тие ќе  се користат за одржување колонии, семинари, летни школи, обуки, работилници, атељеа и други форми на  презентирање и создавање културни добра во областа на литературата, музиката, ликовната, сценската, филмската уметност.

Одржувањето на сликарско - копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ овој месец, покажа дека пренамената на објектите е вистинскиот начин за нивно ставање во функција, сметаат од Општината.
Во една од собите на првиот кат од спомен куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот ќе биде сместено седиштето на Асоцијацијата на градови од Република Македонија со архитектонско наследство.

Општина Велес во 2005 година со донација од Министерството за култура и Светската банка ги реконструираше двата објекта кои од Управата за заштита на споменици на културата се прогласени за национални добра и имаат статус на споменици на културата.

Предвидено беше во нив да се смести донацијата од Стамена Петрушевска, сопственик на збирка етно материјали од Македонија, завиден книжевен фонд и збирка уметнички слики кои моментно се изложени во приватен музеј на Петрушевска во Франкфурт, Германија. Неодамна таа ја повлече својата намера.

Во куќата на Џинот се планираше да се врати неговата библиотека која пред  многу години беше преместена на Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘ во Скопје, а од каде Општината и по повеќе од две години не доби одговор за оваа иницијатива. Воедно се планираше да се постават и неколку трајни поставки на изложби на седиштето на Асоцијацијата  на градови од Република Македонија со архитектонско наследство.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »