речник контакт

Куќите на Рацин, Главинов и Касапови

Куќите на Рацин, Главинов и Касапови ги отворија вратите и една седмица тие се дом на педесетина велешки деца, основци. Тука ги учат заборавените занаети грнчарство, столарство, ткаење и плетење

Петар Печков

Куќите на Рацин, Главинов и Касапови ги отворија вратите и една седмица тие се дом на педесетина велешки деца, основци. Тука ги учат заборавените занаети грнчарство, столарство, ткаење и плетење. Во куќата на Кочо Рацин се учи грнчарството, по кое што е позната оваа велешка фамилија. Меѓу заинтересираните деца се најде и единаесетгодишниот Бојан кој е правнук на поетот Кочо, сака да го научи семејниот занает.

Од моите родители, од дедо ми, сум слушал многу за оваа фамилијарна традиција. Затоакога дознав дека ќе има ваква работилница веднаш се пријавив. Добро е да го научам, да знамкако моите предци, мојот прадедо Кочо работеле, така и јас – вели Бојан Солев. На глината донесена од околината на селото Раштани, од каде работел и Кочо, се учат денес велешките деца. Грниња, вазни, чинии се обидуваат да создадат неискусните детски раце. Валкани долактови, со кал од глината по облеката, но се радосни што можат само да создадат предмети,кои потоа ќе бидат изложени на изложба. Работилницата за грнчарство ја води Цветко Шопов,чиј татко своевремено работел заедно со Кочо Рацин.

Тие двајцата правеа грнци, стомни, работеле повеќе години заедно и тие се генерација.Еве преку овие деца сега се активирав, бидејќи тој се учи само со многу љубов. Треба д се сака,за да се постигне нешто. Гледам дека има „мастраф“ во нив, но треба и квалитетен материјалза создавање грнчарски работи. Повеќето од децата ја чувствуваат глината во рацете и тоае добро – вели Шопов, кој по пензионирањето се вратил на семејниот занает.

Во куќата напреродбеникот Васил Главинов кој и самиот бил столар, се изучува тишлерскиот, столарскиотзанает. Тука се присутни само машки, бидејќи за оваа работа треба цврста рака. Столарствотово фамилијата Игнови е семејна традиција, затоа најмладиот Никола Игнов ги учи децата наовој занает.

Занаетот го научив од дедо ми, а работи и мојот татко. Нашето знаење го пренесувамена децата, кој морам да признам покажуваат силен интерес. Прашуваат, гледаат, работат изадоволство е да се биде со нив. Изработуваме сувенири кој ќе бидат изложени па јавностанека суди колку и како сработиле. Овие објекти, овие куќи се доволна инспирација за творење– вели Игнов.

Децата работа на дрво чам, кое е најлесно за делкање. И додека грнчарствотого учеа мешана група, столарството само машки, ткајачката работилница е посетена самоод девојчиња, оти за оваа работа треба нежна и прецизна женска рака. Тие ткаат и плетатдиплиња, торби, шалчиња.

Мојата баба работи на разбој, јас ја гледав и не знаев како тоа вешто го преплетува прекужиците. Затоа се решив да ја посетувам оваа работилница а баба Вида ме научи да ткаам.Така нема да загине и се уништи разбојот на мојата баба – вели дванаесет годишната ИвонаСтефановски.

Тие останувале и повеќе од предвидените часови во куќата на Касапови, каде сеткае и плете. Овие три работилници се проект на граѓанското здружение „Разбој“ од Велес.

Очекуваме дека со овие три работилници ќе ги заинтересираме децата за овие тристари и заборавени занаети, од кои може да се живее. Истовремено додека тие работат вонив, трите спомен куќи, едно од обележјата на велешани се отворени за јавноста. Така ќеги заживееме и нив, да доаѓаат граѓани и не посетуваат. Кај децата остави силен впечатокдопирот со грнчарското колце, на разбојот или столарските алати - вели Гоце Станчевпретседател на „Разбој“.

 

 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »