речник контакт

Лани Велес го посетиле 9.816 туристи, најмногу Срби

Странските биле двапати повеќе од домашните, просечно престојувале 1,57 дена. Споредбено со 2015-та во Велес лани дошле 1.439 гости повеќе

Петар Печков

Во 2016-тата година, според бројките на Државниот завод за статистика во Велес, во  четирите хотели престојувале  9.816 гости. Тие оствариле 15.432 ноќевања или во просек секој во Велес бил 1,57 дена.    

Странските гости во изминатите 12 месеци биле 6.609 со 10.250 ноќевања или 1,55  во просек, додека домашните двојно помалку 3.207 со 5.182 ноќевања или 1,6 дена.  Најмногу гости имало во месец август 1.601, се разбира повеќето странци  и тоа  1.436.

Најмногу домашни гости во Велес имало во ноември 451.   Според бројката на странски гости, најмногу ги има од Србија 1.793, потоа следат Германците со 657 па Србите со 607. Лани дошле и 369 Бугари и 363 Грци. Ако претходните години имаше го голем број Турци, во 2016-та нивната бројка е намелена на 327 а изненадувачки Украинците биле гости во Велес со 242, додека Италијанците како ловџии со 208 лица.    

Во изминатите 12 месеци во Велес имало и 15 Кинези, кои престојувале дури 81 ден или 5,4 во  просек, и двајца  Јужно Корејци кои преноќиле 13 дена. Имало и 500 американци кои преноќиле 125 вечери или 4 по секој од нив.

Доаѓањето на овие гости и нивниот повеќе дневен престој  е тесно поврзано со изградбата на зградата на Хабитат, каде имаше доброволци од повеќе земји до цел свет. Тие доаѓаат тука престојуваат на своја сметка и ги градат објектите.  

Споредбено со претходните години, секоја има се повеќе туристи во Велес.  Така во 2015 имало 8.377 гости со 12.938 ноќевања, од нив 6.421 странски  и 1956 домашни, со 10.383/ 2.557 ноќевања.  Во 2014-та во Велес имало 6.862 туристи со 18.913 ноќевања, од нив 5.421 бил странец а 1.441 домашен. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »