речник контакт

Лани велешката полиција фатила 28 дивокрадци и 138 м3 дрво

Во акциите одземени се четири камиони и 29 патнички возила

Петар Печков

Во текот на 2015 година на територијата на СВР  Велес спровела  повеќе акциски контроли во соработка со Шумска полиција, ЈП Македонски Шуми, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и соседни полициски станици,  при што, се поднесени се вкупно 16 кривични пријави со кои се пријавени  28 лица за извршени 19 кривични дела („кражба“ , „злоупотреба на службена положба и овластување“ , „фалсификување на исправа“ , „пустошење на шума“ и друго).

Во овие акции  одземени се вкупно 138 м3 огревно дрво, четири товарни возила, 29 патнички автомобила, 12 моторни пили, и други предмети -како рачни пили, трактор, приколки, секири, запрежни возила.

Ова се бројки само од контролите на полицијата, не и од Шумската полиција, која исто  така  поднесува кривични и прекршочни пријави.  

Од СВР Велес  потсетуваат дека континуирано спроведуваат  превентивни активности- трибини, советодавни групи со граѓани и едукативни работилници на тема „превенција од бесправна сеча на шумите“ , во соработка со ЈП Македонски Шуми и Шумска полиција. Од велешката полиција  најавуваат дека во иднина  ќе продолжат  интензивно да спроведуваат вакви и слични контроли се со цел сузбивање на оваа појава и зачувување на шумите.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »