речник контакт

Лани во Велес помалку заразни заболувања отколку во 2016-та

Сексуално преносливаа болест хламидија два пати помалку отколку година дена порано. Но има два нови случаи на СИДА и по три децении случаи на хеморгична треска

Петар Печков

Лани состојбата со заразните заболувања во велешко била поволна и контролирана, велат надлежните од Центарот за  Јавно здравје во Велес. Забележан е далеку помал број на заболувања споредбено со 2016-тата. 

Лани имаме 500  заболени помалку отколку година дена порано. Тоа се должи на  помал број заболени на варичела, оти во 2016-та имаше голем број заболедни деца од оваа болест.  Во 2017-та имаше заболени, но болеста  беше ставена под контрола - рече  прим. д-р Билјана Трајкова специјалист епидемиолог, пред велешките советници. 

Таа ја образложи состојбата со заразните болести во општината лани. Или бројките покажуваат дека во 2017-та имало  1.115 случај на заразно заболување наспроти   1.698 во 2016-та. Лани и состојбата со грип била далеку поповолна 383 случаи, наспроти  3.703  година дена пред тоа.  

Карактеристично е што лани имавме три случаи на хеморагична треска со бубрежен синдром. Неа на немаше 30 години на територијата на Општина Велес. Се работи за лица сточари кои престојувале во рурални средини, во дивината се здобиле со вирусот хан -тан, па добиле хеморагична треска.   Добро е што исходите не беа како во Дебар, каде завршија со смрт, туку се излечени. Имаме и нови две лица заболени од СИДА и едно ХИВ позитивно. Така почнавме секоја година да регистрираме нови случаи на АИДС во општината - изјави д-р  Трајкова. 

Минатата година двојно е намален бројот на регистрирани случаи на хламидија, сексуално пренослива болест, во однос на 2016-та или во бројки 69 /138. Лани се регистрирани два случаи на ретко заразно заболување менингитис пурулента. Кај две лица е докажана клебсиела пневмонија. Поради појавата на поединечни  ретки заболувања, минатата година од Центарот  за јавно здравје биле преземени засилени мерки на надзор,  дезинфекција, дезинсекција и дератизација на теренот.  

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »