речник контакт

Лани во велешко зголемен број на сообраќајки, има само една жртва

Зголемен е и бројот на лица со теши телесни повреди здобиени во сообраќајни незгоди. Какви се бројките за Кавадарци и Неготино

Петар Печков

Минатата година во велешко се случиле 317 сообраќајни несреќи, што е повеќе отколку во 2017-ата кога имало  299. Тоа е зголемување од 5,7 проценти. Лани едно лице го загубило животот во сообраќајните несреќи на територијата на Општина Велес а толку имало и година дена претходно.  Ова се бројките кој ги соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски. 

Во Велес број  на лица со тешки повреди во сообраќајките пораснал  за една година од 25 на 30. Лица кои здобиле лесни телесни повреди, здобиени во сообраќајка пораснал за 12 месеци  од 112 на 118.

Бидејќи територијата на СВР Велес ги покрива и подрачјата на Општините Кавадарци и Неготино, лани имало  вкупно 622  сообраќајки, или процентот на сообраќајни несреќи е за 3,4 отсто повеќе од 2017 година, кога биле регистрирани 603 сообраќајни незгоди. Споредбено за двете последни години, бројот на жртви е намален за три. За 17 е зголемен бројот на лица со тешки телесни повреди, а за 22 е намален бројот на лесно повредените при сообраќајки.

Бројот на сообраќајни незгоди лани бележи пораст во Велес и Неготино, а опаѓање во Кавадарци. Во Кавадарци бројот од 180 незгоди во 2017, се намалил на 174 во 2018. Зголемување од 6,4 проценти има кај сообраќајните несреќи во Неготино, бројот на сообраќајки од 124 во 2017, пораснал за 8 во 2018 година.

 Бележи опаѓање на бројот на жртви при несреќи во сообраќајот. Од шест, на три. При сообраќајни несреќи минатата година во Неготино има една жртва, а во 2017 тој број изнесувал четири. Двете години по ред, во Велес и Кавадарци има  по една жртва.

Кога станува збор за број на лица со тешки телесни повреди, бројките се во пораст во сите три општини. Во Кавадарци пораснал  од 11 на 15, а во Неготино од 8 на 16.

Бројот на лица со телесни повреди има опаѓање во Кавадарци и Неготино. Во Кавадарци  бројката на лица со лесна повреденост се намалила од 77 на 58 а во Неготино  од 42 на 33 лица со лесни повреди.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »