речник контакт

Лани во велешко немало каснување од змија, но имало од видра, мачка, коњ

Од што се жителите на велешко побарале лекарска помош во болница лани поради каснување од некое животно

Петар Печков

Во велешката болница лани  освен што се јавиле 157 лица поради каснување од куче, имало интервенции и поради други каснувања. Но немало од змии. Еве од што се жителите на велешко побарале лекарска помош лани поради каснување од некое животно. 

„Минатата година пациенти побарале помош поради каснување од видра  во еден случај потоа имало   20 случаи на каснување од мачка, еден од глушец и едно каснување од коњ“- соопштија од ЈЗУ Општа болница Велес.

Каснувањето од видра кај Капиново е реткост и во светски размери, еве што пишуваше тогаш ТрМр.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »