речник контакт

Лани најмалку авионски несреќи во светот

Qantas е чудесна компанија која сообраќа речиси 100 години, а до сега немале ни една несреќа со жртви. Кои авио компании се најбезбедни, кои се најлоши

Петар Печков

Патувањето по воздух никогаш не било побезбедно, па во 2017 година имало најмалку авионски несреќи. Зголемување на сигурноста стана еден од приоритетите на воздушниот сообраќај, а за тоа секако се заслужни и авиокомпаниите.

Airlineratings.com следи повеќе од 400 авиокомпании од 2013 година наваму и нивниот годишен извештај за безбедноста е многу ценет. Така, за авиокомпании кои се најдоа во топ 20 се вели дека се одлични и водечки во однос на безбедноста и иновациите.

Компаниите кои влегоа во ова друштво сеиAir New Zealand, Alaska Airlines, All Nippon Airways, British Airways, Cathay Pacific Airways, Emirates, Etihad Airways, EVA Air, Finnair, Hawaiian Airlines, Japan Airlines, KLM, Lufthansa, Qantas, Royal Jordanian Airlines, Scandinavian Airline System, Singapore Airlines, Swiss, Virgin Atlantic и Virgin Australia.

Иако листата не е според места, нагласено е дека Qantas е чудесна компанија која сообраќа речиси 100 години, а до сега немале ни една несреќа со жртви, а во однос на иновациите во безбедноста се лидери на пазарот.

Исто така, објавен е и попис на најнесигурните компании, кои од можни седум добиле само една ѕвезда. Затоа, ако можете избегнете летање со Air Koryo, Bluewing Airlines, Buddha Air, Nepal Airlines, Tara Air, Trigana Air Service и Yeti Airlines.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »