Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јануари 2025
Изминатата година од општинската каса биле исплатени безмалку 590 илјади денари парична помош за новороденче во Општина Велес, објави порталот Тирековмирече.
„Во 2024 година за 176 новороденчиња биле исплати 589.941 денари како парична помош за новороденче. Од нив 96 биле машки и 80 девојчиња. Тие добиваат по три илјади денари“ - соопштија од Општина Велес по одговор на прашање од ТрМр.
За секоја исплата локалната власт плаќа и персонален данок од 11 отсто.
0Споредбено за прв пат ваква финансиска помош започна да се исплатува во 2023 година, кога 166 баратели го искористиле правото за доделување на парична помош за новороденче, од кои 94 за машки и 72 за женски, а исплатени беа 549.612 денари. Или лани во однос на претходната година има исплатено десет бебиња повеќе новориденчиња.
Оваа финансиска помош е само за жители на Општина Велес, со доказ за место на живеење во општината.
Tweet |