речник контакт

Лани повеќе сообраќајки, повеќе мртви по патиштата во велешко

Масовно се возат нерегистрирани возила и возачи без возачка. Лани сообраќајците во велешко, контролирале безмалку 35 илјади возила

Петар Печков

Во 2015-тата година по сообраќајниците во Општина  Велес се случиле  391 сообраќајна несреќа, што е осетно повеќе отколку во 2014-тата година, кога имало 331 сообраќајки.

Лани по велешките патишта загинале 5 лица или за еден  повеќе од година дена  пред тоа.   Ова се бројките од  Прегледот за безбедносната  состојба во сообраќајот во 2015-та година, од информацијата на  СВР  Велес.

Обработката на податоците покажува дека од загинатите во сообраќајките по две лица се  возач и патник во возило и еден е пешак.  Во сообраќајките имало 32 тешко повредено лица, што е исто така повеќе  отколку во 2014-та. Најмногу страдаат сопатниците во возилото 13,  10  тешко повредени се возачи и 9 пешаци.

 Во поголем број сообраќајките се случуваат  на  отворен пат 217, додека во населено место 174. Најчеста причина за сообраќајните несреќи е недржење на страна. Минатата година од сообраќај биле исклучени 568 возила, што е далеку повеќе од 375 во 2014-та а најчеста причина е нерегистрирани возила дури 524 случаи.

Лани имало 665 исклучени возачи и овде има далeку повеќе отколку во 2014-тата кога биле регистрирани 447 случаи. Причина за исклучувањето на возачите е бидејќи возеле без возачка дозвола  - 553 случаи.  

Минатата година велешките сообраќајци извршиле 3131 тест со ,,дрегер,, што е далеку помалку отколку во 2014-та - 3969.  Ланската година биле контролирани 34.859 возачи и возила, при што неисправни биле 1233.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »