речник контакт

Лани помaлку сообраќајки, помалку загинати по патиштата во велешко

Најчеста причина за сообраќајките недржење на страна, неправилни дејствија и брзо возење

Петар Печков

На  подрачјето на Полициска станица Велес, која ги вклучува и општините Градско и Чашка, лани имало вкупно  299 случени сообраќајни незгоди, што е помалку отколку во 2016-та кога биле регистрирани 337.Со ова  се бележи намалување на сообраќајните незгоди со 11%. Од нив  на отворен пат се случиле 151 (172) сообраќајни незгоди и во населено место 148 (165). 

Лани во сообраќајните несреќи по пaтиштата во велешко загинале 66 лица а година дена пред тоа 8. Со тешки повреди се здобиле  25 лица (28). Сообраќајни незгоди со потешки последици се вкупно 143(159) при што во однос на 2016 година се бележи намалување од 10 %.

Најчести прекршоци кои се јавуваат како причинители за случување на сообраќајните незгоди се: недржење страна на движење - 78, дејствие- 38, брзо возење -17, недавање првенство - 9,  алкохол-6 и т.н.  Ова се податоци од годишниот извештај за работа на  Полициската станица Велес

Во изминатата 2017 година  поднесени биле 53 (83 во 2016-та) кривични пријави за сообраќајни незгоди,  што во однос на минатогодишните се бележи намалување за 36 %. Во однос на констатираните прекршоци издадени се вкупно 1802 (1716) прекршочни платни налози и 2219 (2317) мандатни платни налози за наплата на глоба.

Од претходно наведените наплатени  прекршочни  платни налози се вкупно 231(155) и наплатени мандатни платни налози се вкупно  271(119). Вкупно возачи на кои им се регистрирани негативни бодови се 1541 (1394), а поднесени се 1682 (2331) Барања за поведување на прекршочна постапка во однос на ланските се бележи намалување од 27 %. Писмено предупредени се вкупно 400(165)возачи.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »