речник контакт

Лани Општината собрала од продажба на градежно земјиште 41 милион денари

Поголемиот дел се од продажба по пат на јавно наддавање, помал дел од продажба со непосредна спогодба

Петар Печков

Локалната власт во годишниот извештај за работењето ги објави бројките колку пари се собрани од продажбата на градежното земјиште на територијата на Општина Велес.  Од  продажба по пат на јавно наддавање во Општинскиот Буџет влеани се 37,5 милиони денари, додека од продажба со непосредбна спогодба собрани се 3.36 милиони денари, или вкупно 40,86 милиони денари.

Во текот на 2015 година по пат на електронско јавно наддавање биле отуѓени вкупно 26 градежни парцели од кои 10 градежни парцели се со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, 4 градежни парцели се со намена А4- мотели, 2 градежни парцели со намена А2- домување во станбена зграда, една градежна парцела со намена Б5-хотелски комплекс и 9 градежни парцели со намена А4-времено сместување. Вкупно прибраните средства изнесуваат 46.835.522 денари, од кои 80 % влегуваат во Буџетот на Општина Велес, а останатите 20 % влегуваат во Буџетот на Република Македонија. Или локалната власт на овој начин собрала   37,5 милиони денари. 

Во текот на 2015 година  во Општина  Велес примени биле 236 барања за отуѓување на градежно земјиште по пат на непосредна спогодба од кои решени се  220 барања. Од нив  се прибрани вкупно 4.200.532 денари, од кои 80 % влегуваат во Буџетот на Општина Велес, а останатите 20 % влегуваат во Буџетот на Република Македонија. или обезбедени  на овој начин за Општинскито Буџет се  3.36 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »