речник контакт

Лајонс од Велес за Маја

Кутијата за донирање останува и натаму во кафе бар ,,Капри,,

Петар Печков

 Во средата вечер во кафе барот  Капри се одржа хуманитарна вечер во организација на Лајонс клубот од Велес.

Ова е мост на соработка помеѓу Здружението Борка и Лајонс клуб Велес. Собраните средства се за конкретна цел, помош на маја Керова на која и требат за лекување во САД.  Секој наш член донира средства колку што може и сака, нашата цел не е подмитување туку помагање  и хуманоста – рече Кирил Гајдов претседател   на Лајонс клубот Велес.

Кутијата каде се собираат средствата останува и натаму во ,,Капри,, и  секој тамошен гост може да донира во наредниот  период.  Велешани изминатиот период се организираа за да и помогнат на Керова, прво децата од Градинките, потоа ЕГ Зелена сила, па Здружението на лица со церебрална парализа и сите тие заедно со ,,Борка,,.   Може и преку донирање на  специјалните телефонски броеви 077 143 702, 075 143 133 и 070 143 132.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »