речник контакт

Ла Манш со летен хит Бонаца

На велешани малку им требаше да влезат во звршницата на големиот Сплитски фестивал

Петар Печков

Велешкиот поп бенд Ла Манш издаде нов сингл „Бонаца“, песна со далматински призвук и отпеана на далматински јазик.

Имено, „Бонаца“ влезе во најтесниот круг за избор на песни кои ќе бидат изведени на овогодинешниот „Сплитски фестивал“, но не успеа да го помине последниот филтер и да се пласира во полуфиналните вечери на овој реномиран фестивал на далматинска песна.

Автор на „Бонаца“ е Роберто Панчевски, текстот е на сплиќанецот Томислав Бузов, а аранжманот го направи Роберт Трајков. Песната е снимена во студиото „Анастасија“ во Скопје. Наскоро „Бонаца“ ќе добие и свој видео запис.

После новогодишниот сингл „Среќна нова година“ кој излезе во декември лани, ова е втора песна на групата „Ла Манш“ која се врати на македонската сцена по пауза од цели 17 години.

Групата активно постоеше од 1990 до 1995 година, период во кој сними два албуми „Јас и ти“ (1991) и „Напиј се за нас“ (1993). Во тој период „Ла Манш“ беше една од најпопуларните групи во Македонија, која многумина ја споредуваа со мега популарниот бенд од екс-ју просторите „Црвена јабука“.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »