речник контакт

Лебот и зејтинот поскапеа

Граѓаните погодени од овој бран на покачувања, кој доаѓа по поскапата струја и укинувањето на дневната ефтина тарифа

Петар Печков

Велешани од денес, четврток,  плаќаат нова повисока цена на лебот за 25 отсто. Од 20 денари, колку што се продаваше од мај месец, сега три месеци подоцна,  се продава поскап за пет денари  по 25 парче од половина кг. Оваа цена е идентична на АД Жито Вардар  и на останатите помали пекари од градот. При ова покачување не поскапеа белите печива.

Истворемено во продавниците повисока цена доби и зејтинот на велешка Маслодајна. Тој сега се продава по 87 денари за литар. Ова е трето покачување за три седмици, откако во средината на јули литар  масло ја јадење се нудеше за 74 денари. Новата, а познавачите велат не и последна цена, е за 13 денари повисока. Ова покачување зедно со претходното на струјата и укинувањето на дневтата ефтина тарифа,  ги погоди граѓаните.

Животот од ден на ден е се поскап и потежок. Една плата не стасува за се да се плати. Од работа и труд не се живее, со десет прсти тешко се преживува. Но очугледно дека на нас мислат само на избори, тогаш им требаме, потоа сме заборавени – велат велешани.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »