речник контакт

Левица најавува отпишување на долговите за вода и обнова на ПД Бреза

Левица предвидува еднократно отпишување на долговите за вода на сиромашните слоеви граѓани. Предлагаат реновирање на Планинарскиот дом ,,Бреза,,

Петар Печков

Левица  на прес конференција партијата ,,Левица,, претстави дел од нивните  решенија за проблемите кои  ги засегаат жителите на Општината. 

 Велес има најскапа вода за пиење, со уште неколку града во Македонија. Сметаме има нефер практика на пречесто тужење на граѓаните, на посиромашните слоеви кои не можат тековно да ги подмируваат своите сметки. Левица предвидува еднократно отпишување на  долговите.  Имаме случаи на пумпање на долговите, кои реално се 50 -60 евра а за да со нотарско, извршутелско, адвокатски трошоци стигнат до неверојатни илјадници евра.  Тоа е прва заштитна мерка за граѓаните. Предвидуваме и забрана за тужење на граѓаните пред да се соберат шест следователно сметки за  вода, за да   нема континуирано тужење на граѓаните и непотребно  предизвикување на трошоци.  Исто така во програмата ни е намалувале на  паушалите и хонорарите на членовите, кои по партиска линија се дел од Управните и надзорни добори. Предвидуваме и стоп за партиските вработувања во  Јавните претпријатија а процесот да биде со јавен конкурс со прием на најдобрите кандидати     –изјави Димитар Апасиев носител на  листата  на советници на ,,Левица,, .

Како  партија предвидуваме голем простор за екологијата.  Посебен акцент ќе ставиме, како советници, на планината која изумира, на Бреза. На неа се сеќаваме само  преку фотографиите од нашите родители.  Предлагаме реновирање на Планинарскиот дом ,,Бреза,, санација на  приодниот пат,  формирање на туристичка населба со кампирање. Ќе предложиме и субвенционирање на алтернативниот  туризам, планинарски, манастирски и црковен.   Искуството покажува  дека  најблагодарни туристи се планинарите. Проблемот на Бреза е на досегашните политички партии  кои владееја, кои  што за политичкиот  мир проблемот на планината не го савија на маса. Левица нема да отстапи додека Беза не го добие својот нов лик. Ќе работиме  и  на субвенционирање   за користење на велосипеди од јавната  администрација и сите граѓани на  Велес, во ударни месеци во годината.   Тоа е поврзано со субвенционирање на користење на плински уреди и користење на електрични автомобили, бидејќи Велес мора да го заземе модерниот тек  на нештата – изјави Игор Смилев од ,,Левица,,

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »