речник контакт

Легалните кренаа глас од дивите таксисти, но и тие заборавија на фискалните сметки

Легалните такси превозници од градот бараат да имаат регуларни услови за работа, локалната власт ги потсетува на издавањето фискални сметки

Петар Печков

Легалните такси превозници  од градот бараат да имаат  регуларни услови за работа, да се отстранат дивите таксисти. Оваа реакција доаѓа по се поголемиот број нелегални такси превозници кои работат по велешките улици.  Во Велес има регистрирани околу 120 таксисти, додека бројот на дивите не е познат, но можно е да биде идентичен со легалните.

  Со работата на дивите таксисти  имаме нелојална конкуренција. Не плаќаат никакви давачка а  сите пари ги земат кон себе, државата и општината не добиваат ништо. Така се руши и  цената на такси превозот, тие се договараат со патникот за колку пари ќе го возат. Затоа е потребно сообраќајниот инспектор да излезе на терен а сообраќајната полиција да ги брка нелегалните таксисти од такси стојалиштата. Погледнете какво шаренило има од такси возилата, иако официјална боја  во која треба да бидат автомобилите е жолта – велат таксисти кои имаат лиценца. 

Посочуваат дека повеќе ниту жолтата боја не е знак дека некој  работи по закон, оти имало случаи на нивни  довчерашни колеги кои не ја обновиле лиценцата, имаат жолто такси возило и сега со него, најчесто во попладневните часови работат надвор од законот. Даваат рок до крајот на месецот да се почитуваат Законот, во спротивно започнуваат со  протести. Таксистите кои поседуваат лиценца   оствариле средба со  градоначалникот на општина Велес. Од него  побарале да се почитува законот а нелојалната конкуренција да се сопре.

Ние сме должни да ги почитуваме нашите обврски и тоа ќе го сториме. Но треба и тие да ги почитуваат нивните. Ова се однесува користење на такси метар,  издавањето на фискални сметки и возила според стандардите. Ќе бидеме еднакви кон сите со почитување на законот – изјави  Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес. 

Тој најави дека инспекцијата веќе била на терен да се види колкав е бројот на такси возила со лиценца а потоа ќе  започнала поширока акција на спроведување на Законот, но кон сите превозници. Нелегалните таксисисти кога ќе бидат фатени при превоз имаат 45 дена рок да  се регистрираат. Ако во овој период бидат фатени повторно како возат ќе им биде изречена парична казна.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »