речник контакт

Легнати полицајци и натаму ќе лежат по улиците

Легнатите полицајци остануваат и натаму по велешките улици, нема причина за нивно отстранување.

Петар Печков

 Ниту е започната процедура ниту има веројатност по само краток период од нивното поставување тие да се дислоцираат, велат надлежните од локалната власт. Реакциите на возачите се неоправдани и без покритие, смета градоначалникот на Велес.

Ново поставените легнати полицајци се пофункционали од претходните. Сега има можност  атмосферската вода да тече и да не ги уништува, како што беше случај со тие од пред некоја година. Тогаш се случуваше при секој пороен дожд, водата  да ги однесе, сега не е така. Новите се и пониски иако на возачите им се чини дека се повисоки. На крајот од краиштата тие се поставени со една цел, автомобилите на тие места да возат поспоро и ги почитуваат сообраќајните знаци – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.

Процедурата за поставување на легнати полицајци е во заедничка соработка на Советот на општина Велес, кој донесува одлука за нивно поставување, мислење од СВР Велес како и потврда од Министерството за транспорт и врски, така што отстранувањето не е  можно по желба на само една страна во случајот, како што неодамна најавија одредени локални медиуми.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »