речник контакт

Летово велешани нема да чувствуваат жед, има доволно вода во езерото Лисиче, најавуваат надлежните

Во овој период од годината, котата е за повеќе од 4 метри над вообичаената

Петар Печков

Велешани и останатите кои се снабдуваат со вода за пиење од ХС Лисиче нема да чувствуваат жед во текот на летото. Ова е одговорот на поставеното прашање од ТрМр до надлежните од ЈПВ ,,Лисиче„ дали и каква е состојбата со нивото на езерото“. Дилемата е присутна во јавноста по лошата хидролошка зима и нискиот водостој на повеќето акумулации во земјава.  

Ниту во наредните неколку месеци , ниту пак во претстојната лето- есен сезона, нема да биде  почувствуван  недостиг  од  вода,  Напротив акумулацијата  ќе биде максимално  дозволено  полна  до горенаведениот период   31.05  -15.06.2020  и на тој начин ќе ги задоволи потребите  на корисниците. Котата од  415,65 м.н.в. е за повеќе од 4 метри над вообичаената за ова време од годината. Инаку вообичаено е максимумот да го достигнуваме на крајот од месец мај,  евентуално до сред ината од Јуни -  напиша во писмениот одговор  дипл. инж. Блажо Бонев.  

Тој го соопшти  нивото на водата во акумулацијата „ Лисиче" на 10-ти март, кога беше и поставено прашањето. Нивото тогаш  било  на кота 415,65 м.н.в. со акумулирана вода од 16.617.500 м3.

За илустрација беше побарана котата на истиот ден лани на овој ден, на 10.03.2019 година, кога  била 412,05 м.н.в.  со акумулирана вода  од   13.540.000 м3 односно за 3, 60 метри пониско од годинашнава.

Котата на езерото Лисиче  23 март, пред два дена  беше 418,15 м.н.в. со 19,1  милиони метри кубни вода. 

Минатата година среде лето  на  15-ти јули година котата била 419,69 м.н.в. со акумулирана вода од 20 645 400 м3 а месец дена подоцна на 15-ти август  котата бил а 416,57 м.н.в. со акумулирана вода од 17.520.000 м3.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »