речник контакт

Лидерот Вардар ја прекина непобедливоста на Борец на домашен терен

ФК Борец - ФК Вардар 0:1 (0:1)

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов  во Велес

судија: Ставрев Скопје 

Стрелец: Аврамовски 33 мин. за Вардар. 

БОРЕЦ: Мустафа, Стојкоски, Трајановски, Коцев, Прелчец (ж), Николовски, Силва, Ефтимов, Гавриќ, Ристески, Радовиќ играа и Лазаревиќ, Трајков (ж)  Абаз 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски (ж), Најдовски, Леовигалдо, Мицевски, Аврамовски, Цветаноски,. Новак, Попзлатанов, Адем, Брдаровски   играа и  Димоски, Ибиши (ж) 

Со голот на Аврамовски во 33 мин. лидерот Вардар си замина од Велес со три бода, а по 20-тото одиграно коло го симна на последното место домаќинот ФК Борец 1919.

Скопјани со повеќе шанси за гол, велешани со непризнаен во 71-та од Прелчец поради офсајд, иако снимката не покажуваше дека  помошникот судија бил во право. 

Така велешани за прв пат дома во Првата лига ја почувствуваа горчината на поразот, во најквалитетното фудбалско друштво. 

Во следното коло, в недела ФК Борец гостува во Струмица против ФК Академија Пандев, која како и велешани пролетва забележа два порази,но  на две гостувања.

Во борбата за опстанок ФК Борец ќе мора да носи бодови и од страна, како што тоа го стори фенерџијата ФК Работнички и ги престаса велешани на табелата. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »