речник контакт

Ликвидацијата на ЈП Велес -гас не мина, власта не обезбеди доволно гласови

ЈП Велес гас се укинува оти Владата ќе ја спроведува постапката за уредувањето на линијата за гас до градот

Петар Печков

Не беше изгласана точката од дневниот ред за загаснување на ЈП за енергетика ,,ВЕЛЕС-ГАС,, Велес. На последната седница, 46-та по ред, оваа точка не го доби мнозинството гласови од присутните, откако за неа гласа 8, од владичкото мнозинство кое брои 13 советника, еден беше воздржан, додека советниците од опозицијата најавија дека нема да гласаат.  Образложението зошто се ликвидира ова ЈП, го даде градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. 

Владата до општините каде се води гасификацијата, со став  дека истите немаат потреба да се ангажираат со уредувањето на линијата за гас до градот. Таа ќе ја спроведува целокупната постапка за воведување на гасификацијата, преку обезбедување на партнер концесионер во оваа област, со потпишување на договор за јавно приватно партнерство (ЈПП). Со овој начин на постапување, со договор за ЈПП,  Владата би привлекла сериозен инвеститор со поголем обем и опфат на површина, и би предложила поконкурентна цена на гасот - кажа Коцевски. 

Потенцираше дека со досегашното работење на ова ЈП немало предизвикано никакви штети.  Опозицијата жестоко реагираше на загаснувањето на ова ЈП, со став дека тие биле против и кога се формирало. Повеќе советници потсетија дека тие не се согласувале тоа да се формира уште во февруари минатата година. 

Се згаснува ЈП по две години од неговата работа, при што потрошени не мали суми буџетски средства. За две години околу 1,2 милиони денари со кои средства можеа да се сработат инфраструктурни работи во општината.  Ние кратевме средства  во програмите, пренаменувавме,  со цел рационално да ги трошиме парите а дававме за ЈП кое не даде никаков резултат. Згаснуваме ЈП од кое нема општината нема никаква добивка   - кажа Нада Трајкова  координатор на советничката група на  ВМРО-ДПМНЕ.   

Второто ЈП Велес паркинг, формирано истовремено со ЈП Велес гас, е во фаза на припојување со ЈП Спорт  парк, поради како што тогаш најави градоначалникот Коцевски, заштеда на финансиски средства. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »