речник контакт

Ликвидација, пресуди вкупно 22 години затвор

Сите осумина се прогласени за виновни, адвокатите најавија жалби. Денес пак Апелација по трет пат го отвори досието за убиството во селото Ореше. Одулката во писмена форма ќе ја достави до странките во овој случај

Петар Печков

 
Илија Танев  2,5 години  останува во  притвор
Сабедин Џини Хофман 1,5 години пуштен од притвор
Валентин Зафиров 5,5 години останува во притвор
Томислав Кежаровски 4,5 години останвуа во притвор
Ивица Ефремов 4,5 години  останува во притвор
Сашко Лазаров 1 година пуштен од притвор
Борис Николовски пензиоииран судија од Скопје 1 година пуштен од притвор
Јане Павловски Тица 1,5 година пуштен од притвор
 
Бранителите на обвинетите искажаа нездоволство од предусите и најавија жалби.

Што кажаа во своја одбрана обвинетите:
 Илија Танев во своја одбрана рече ,, Обвинителството не докажа дека сум примил пари. Очигледно е дека не сум примил пари, денеска можат да се појават пет такви случаи за било кој судија, Правата и обврските на судијата се дефинирани со закон. Работата со доставницата е на дактилографот, раководителот на писарницата… Кога немам вакви овластувања, како сум ја искористил службената положба?“, праша Танев.

Обвинетиот Сабедин Џини-Хофман, кој се товари за примање поткуп, „Обвинението што ми го ставаат на товар не сум го сторил. Не сум сторил такво нешто“

Завршниот збор би требало да биде анализа на сите докази со цел да го убедам судот во исправноста на моето тврдење, но за жал во овој предмет обвинителот не поднесе ниту еден материјален доказ за настаните од пред 5 години“, рече третообвинетиот, адвокатот Валентин Зафиров,

Обвинението против мене е неосновано, во текстовите во весникот „Репортер 92“ не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не сум загрозил ничиј живот и ничие здравје“, рече во завршниoт збор новинарот, Томислав Кежаровски.

Искрено очекував дека во завршниот збор, Обвинителството ќе биде на едно повисоко стручно ниво, во кој ќе доминира аргументацијата, анализата…, а наместо тоа доминираа транскриптите и претпоставките. Oбвинението e неспретно филмско сценарио од млад режисер, кој сакајќи да биде номиниран за „Оскар“ ги измешал актерите и настаните и нажалост ваквиот филм нема да помине ни на локалниот фестивал рече петтообвинетиот, велешкиот обвинител Ивица Ефремов.

Да бидам искрен, кога го слушнав завршниот збор на Обвинителството се израдував дека ќе биде повлечена точка 5 од обвинителниот акт, бидејќи од доказната постапка се утврди дека нема доказ која го поткрепува тој дел“, рече седмообвинетиот, адвокатот Сашко Лазаров во својот завршен збор. Според  него Обвинителството со Посебни Истражни Мерки докажало само дека „седи со луѓе по кафеани,,.

Последниот обвинет Јане Павловски „Тица“, кратко наведе дека нема „ниту П од поттикнување во обвинението против него“.


За што се обвинети осудените:

Првообвинет е велешкиот судија Иле Танев, кој се товари за примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, тој во текот на 2008 година како службено лице судија во Основен суд Велес и претседател на кривичниот совет, побарал од обвинетиот Сабедин Џини-Хофман  поткуп во износ 2.000 евра за да гласа за укинување на притвор во предмет, каде, пак, како обвинет за разбојништво се јавува заштитениот сведок во „Ореше“ Златко Арсовски. Танев исто така е обвинет дека со искористување на својата службена положба ги повредил правата на обвинетите браќа Љупчо и Ордан Георгиевски.

Тој наводно ја искинал веќе залепената  доставницата за пресудата и наместо неа залепил нова со нов невистинит датум, со цел обвинителот и обвинет во овој предмет Илија Ефремов кој го пропуштил рокот, да поднесе жалба за висината на казната. Сабедин Џини-Хофман е обвинет дека земал поткуп. Тој наводно на братот на Златко Арсовски, му ветувал дека Танев како негов „близок пријател“ и како судија и претседател на кривичен совет може да гласа за укинување на притворот на Арсовски, но дека за таа услуга тој бара 2.000 евра.

Според обвинителството, тој во име на Танев во два наврата земал 1.500 евра, наместо договорените 2.000 евра. На поранешниот истражен судија Валентин Зафиров на на товар му се ставаат делата: неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица и противзаконско посредување.

Според обвинението, тој во 2008-ма година под  псевдонимот „Бреза“ го сослушал тогаш загрозениот сведок Арсовски, а записникот со телефонскиот број на загрозениот сведок, иако знаел дека внел податоци што можат да доведат до идентификација,  им го дал на адвокатите во случајот „Ореше“. „Потоа, без знаење и овластување на Одделението за заштита на сведоци, заедно со уште едно лице отишол во затворот во Штип, каде загрозениот сведок, два дена претходно бил пренесен од затвор „Скопје“ Скопје“, се наведува во обвинението.

Зафиров при оваа посета, наводно на тогашниот директор на штипскиот затвор Трајко Димков му рекол дека Златко Арсовски бил сослушуван како загрозен сведок, но било пропуштено да го потпише записникот со неговото вистинско име. Кога загрозениот сведок дошол во канцеларијата на директорот, наводно му рекол да го потпише записникот со вистинското име, а доставницата со псевдонимот „Бреза“ – на овој начин истражниот судија, според обвинителството, спротивно на законот го оддал вистинскиот идентитет на загрозениот сведок.

Новинарот Томислав Кежаровски е обвинет за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица бидејќи во 2008-тата година два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ објавил копија  од записникот каде стоел исказот на заштитениот сведокот  во случајот „Ореше“, неговото име и презиме, како и неговиот телефонски број.

Според обвинението, по објавувањето на новинарските написи, Арсовски имал притисоци, па затоа се создало друга ситуација каде сведокот подоцна сам си го открива идентитетот и го менува исказот. Според наводите на обвинителството, обвинетиот Павловски – „Тица“ и семејството на обвинетите во „Ореше“ од написот на Кежаровски осознале кој е загрозениот сведок и му вршеле притисок на „Бреза“ да го смени исказот, по што на крајот наводно се создава ситуација  во која тој го открива својот идентитет и го менува исказот.

На обвинителот Ивица Ефремов му се суди за случај поврзан со недозволено поседување и тргување на оружје: наводно поттикнат обвинетиот Зафиров се обидел да влијае кај својата колешка од велешкото таа да поднесе обвинителен акт без предлог за продолжување на мерка притвор. На Ефремов исто така му се става на товар дека неовластено држел поголемо количество на оружје во својата куќа.

Јане Павловски – „Тица“, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров, пак, според наводите на обвинителството исто така се поврзани со случајот „Ореше“. Наводно, Николовски и Лазаров, со умисла потикнати од Павловски посредувале кај обвинителот Ефремов да даде согласност по предлогот на одбраната за укинување на мерката притвор на обвинетите за убиството во „Ореше“.

 Денес пак Апелација по трет пат го отвори досието за застреланиот Лазар Милошевски (71). Во два наврати, второстепениот суд го врати случајот на повторно судење поради повреди во постапката и недостиг на докази кои укажуваат дека браќата, Ордан и Љупчо Ѓеоргиевски се платениците, а  нашинецот од Америка, Ѓоре Петровски, е наводниот нарачател на убиството. Во двете првостепени судски постапки тие беа прогласени за виновни и им беа изречени затворски казни а Апелација го враќаше назад. Писмената одлука од овој предмет, странките во случајот ќе ја добијат наредните денови.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »