речник контакт

Ликовниот салон се реконструира, венчавките се во библиотека

Нема ниту ликовни изложби, се додека не завршат градежните работи

Петар Печков

Десетина дена Ликовниот салон во градот се реконструира. Во овој период, се додека не завршат градежните работи венчавките во Велес се одржуваат во просториите на градската библиотека.  

Има големи оштетувања на плочките од подот, испукани ѕидови. Во тек се работите за подобрување на електриката, водополагачки и фарбарско -молеро работи. Поради ова склучувањето на работите е во библиотеката. Штом заврши реконструкција таму повторно ќе се склучуваат бракови -  изјави градоначалникот Коцевски. 

Поради овие зафати нема ниту редовна активност ликовни изложби во овој простор. Договорените се одложени за на есен.  

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »