речник контакт

Лила Арсова најдобар учител во Македонија за 2017-та

Врачени признанијата по повод 5-ти октомври, Светски ден на учителот. Признание од Сојузот на просветните работници на Македонија

Петар Печков

По повод 5-ти октомври, Светскиот д ен  на  учителите во Велес беа доделени признанијата за најдобрите  просветни работници во Македонија.  Меѓу четирите наградени е и Лила  Арсова, која го доби за   одделенска настава во основно образование. Нив ги доделува Сојузот на просветните работници во Република Македонија. 

Горда сум на признанието. Освен што е чест за еден наставник да го добие,  со тоа  одговорностите и обврските се зголемуваат. Тоа е горд момент, им посакувам и на моите колеги да стигнат до овој чин. Треба да си во секој поглед учител, и кон учениците и за семејството, децата, колегите. Животот е  најголем учител, учењето продолжува цел живот. Без надградба не правиме ништо, треба да се биде во чекор со времето - рече Арсова.  

Тоа е вработена во ОУ Васил Главинов, училиште со најголем број ученици во Република Македонија.   

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »