речник контакт

Литературани награди за учениците на тема 8-ми март

Локалната библиотека „Гоце Делчев‘‘ ги додели традиционалните литературни награди по повод празникот 8 - ми март

Петар Печков



Локалната библиотека „Гоце Делчев‘‘ во соработка со Општина Велес и Клубот на писатели „Кочо Рацин‘‘ од Велес  ја одржа традиционалната литературна манифестација на која беа доделени и наградите по распишаниот литературен конкурс посветен на празникот 8 - ми март.

Првото место кај учениците од прво до четврто одделение од училиштата од Велес и велешко на тема „Благодарам мамо‘‘ го освои Иво Мирчев третооделенец од ООУ „Свети Кирил и Методиј‘‘ од Велес. Кај учениците од петто до осмо одделение на тема „Мајка-еден единствен збор‘‘ првото место го освои Тања Славева осмооделенка иста така од ООУ „Свети Кирил и Методиј“.

На конкурсот беа доделени и повеќе втори и трети награди, а шест ученици беа пофалени.

 На конкурсот учествуваа 200 творби и ние сме задоволни од големиот интерс на основците за нашиот веќе традиционален конкурс,изјави Гордана Васковска  в.д.директорка на Локалната библиотекла „Гоце Делчев‘‘.

На манифестацијата настапија и жени писателки од Велес и хорот на ООУ „Васил Главинов‘‘ од Велес

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »