речник контакт

Лицата со попреченост од Велес цртаат и изработуваат грнчарски предмети

Преку проект се организира слободното време на лицата со попреченост од Велес

Петар Печков

Лицата со  попреченост од Велес летово го минуваат организирано во работилници, каде творат ликовни дела или грнчарски производи. Помеѓу 20 и 30 лица, некои под, повеќето над 18 години, заеднички творат и ги развиваат нивните вештини. Тука се собираат лица со аутизам, даунов синдром, церебрална парализа од Велес. 

Оваа активност е на  Здружението  на лица со церебрална парализа, која започна  од јуни месец ќе трае  до октомври, која   го спроведува проектот ,,Едукативен, социјален и инклузивен клуб со лица со хендикеп,,.  Добиен е од ,,Полио плус,,.   

Проектот има цел да помогне  лицата со попреченост да излегуваат од домовите, да се дружат, забавуваат, едуцираат, социјализираат.  Ги учиме да ги научат секојдневните животни навики. На овој начин не им помагаме само на лицата со попреченост, туку и на нивните семејства. Тука доаѓаат и лица со 18 години и повеќе, кои се грижа на биолошките семејства,имаат многу слободно време, не знаат што со себе и го минеме организирано и лицата и нивните блиски. Работиме на работно оспособување, да развијат вештини кои ги потиснале. Лицата со попреченост можат да направат многу, доколку им се даде можност - вели Далиборка Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа.  

Има повеќе работилници- грнчарска, ликовна а наскоро започнува шивачка. Се одржуваат два -три пати неделно, по три часа. Таа очекува од локалната власт простор каде може да се организира овој клуб, бидејќи постојниот е мал и не ги задоволува нивните потреби. 

Колку повеќе овие лица работа со глината, толку повеќе ја засакуваат работата.  Можам да забележам дека се чувствуваат пријатно, заинтересирани се, убаво им е тие неколку часа, креативни се, имаат желба за работа. Работат посветено, одговорно и со љубов. Им требаше време да се запознаат со работата, но бргу дојдоа до сознание како се работи и ова е успешен проект - рече менторот  Ирена Станчева, која со нејзиниот сопруг имаат грнчарска работилница.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »