речник контакт

Лица со посебни потреби од Велес повторно бесплатно одмараат во Бар Црна Гора

Тие десет дена престојуваат во Бар, Црна Гора. Во септември нова група

Петар Печков

Дваесетина деца со посебни потреби десет дена се на одмор во Бар Црна Гора. Ова е заеднички проект на  на велешкото Здружение за лица со церебрална парализа и НВО  „Хуманитарна фамилија“  со  кој во текот на јуни и септември лица од Македонија десет дена бесплатно  летуваат во  одморалиштето Добре Воде кај Бар, Црна Гора.

На овој начин со летна рехабилитација на море, овие лица потоа во текот на годината полесно ги пребродуваат критичните моменти. Преку овој проект се овозможува неопходната терапија за лицата со попречености кои имаат церебрална парализа, даунов синдром, ментална ретардација вели   Далиборка  Златева Здружение за лица со церебрална парализа. Ова е втора година што го организираат ова летување- рехабилитација за лица со посебни потреби од Македонија,Србија,Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Првата група која го користи терминот во јуни е составена од 20-тина лица кои доаѓаат од Заводот за здравствена заштита и рехабилитација Бањско, од Велес, од Скопје и Штип. Со  нив е и еден од нивните родители. За овие десет дена тие имаат обезбедено спиење и храна. Од Здружението до Министерството за труд и социјална политика поднеле барање да ги плати трошоците за патување, оти повеќето лица се од  социјално ранливи категории. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »