речник контакт

Ловокрадци застрелале дива свиња, во период кога е забранет ловот

За настанот кој се случил средата вечер во околината на село Рудник, ЗЛД Руен го информирал СВР Велес, кој ќе поднесе соодветни кривични пријави за сторителите

Петар Печков


Вчеравечер, среда, чуварска служба на ЗЛД „Руен“ од Велeс открила двајца ловокрадци, како уловиле дива свиња, во период кога е забранет ловот.

При рутинска контрола на ловочуварската служба  на 5-ти август во 21,55 часот, утврдено е дека група ловокрадци испукаа четири куршуми во пределот  на месноста викана „Вакавска корија“ близу селото Рудник. За помалку од еден час, сторителите беа откриени и при претресот кај нив беше пронајдена застрелана и убиена  дива свиња, маторица, тешка околу 120 кг. Од лицето К.Ф. (57 год) од Скопје, одземена е ловечка пушка, предадена во СВР Велес. Со него беше лицето   С.Ц. ( 62 год) од Скопје, кој беше соучесник во делото -  изјавија од ЗЛД Руен од Велес.

Тие за настанот го информирале СВР Велес, кој ќе поднесе соодветни кривични пријави за сторителите. Од ловното друштво додаваат дека во овој период дивата свиња е под заштита, од 1-ви февруари до 30 септември, кога не смее да се лови. Убиената дива свиња имала седум мали диви свињи, кои останале  незаштитени во коријата.

фото архива

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »