речник контакт

Лов на китови одблизу

Ловците на китови вообичаено се кријат од јавноста заради контроверзноста која ја обвива нивната професија.

Петар Печков

Ловците на китови вообичаено се кријат од јавноста заради контроверзноста која ја обвива нивната професија. Но, тимот на Јан Бјорн во Норвешка - земја каде рибарите убиваат околу 500 визон китови заради комерцијални цели - се согласи да ни дозволи да им се придружиме во ловот.

Бум! Пукањето од топот го потресе стариот брод.

Погодок.

Китот е неподвижен можеби на триесетина метри подалеку, а јажето кое е закачено на харпунот лебди на површината на водата. Капетанот Јан си ги мести малите очила очигледно задоволен од уловот.

Но, китот не се помрднува. Сега Фред стапува на сцена со својата задача. Се врти кон мене со сериозен израз.

- Сега почнува вистинската работа, рече тој.

Фред преку ден вози амбулантско возило. - Ловењето китови е како одмор, ми рече тоа попладне додека седевме на палубата и со поглед кон морето баравме удари од опашки или водоскоци кои ги правеа китовите.

Ова е совршен ден за ловење китови.

Со часови пловевме без призор од кит, што ми даде доволно време да прошетам по бродот.

Со своите 14 метри, тоа беше мал брод китоловец - само двојно поголем од должината на уловот.

Бродот плови по овие води веќе 40 години, и веќе изгледа заморен.

жрѓосаниот топ за харпуни му откинал на Јан два прсти додека експлодирала граната која ја прикачувал на харпунот.

- О не, ова не е опасна работа, ме убедува тој. - Незгодите можат да се случат при секоја работа. Проблемот е што повеќе не можам да ги свирам бас регистрите кога свирам хармоника.

Јан е кул смирен човек. Повеќето ловци на китови нема да земат жена на бродот - тоа се смета за баксуз.

На Фред му беше непријатно моето присуство. - Сигурно не си активист?, постојано ме прашуваше.

Неколку локални бродови беа насукани во знак на протест по одлуката на норвешката влада да го сопре ловот на китови.

Ловците тврдат дека оваа индустрија е важна за заедницата која живее од морето, уште од времето на викинзите.

Секој ловец на китови со кого разговарав ме убедуваше дека китовите јадат премногу риба, и ним им останува помалку. Многумина посакаа да им се дозволи да ловат големи китови, исто и фоки.

Но, јавноста не им дозволува.

Јан ми рече: „Одраснав на фарма. Чувавме крави и овци, и ги колевме кога ќе дојдеше време. За мене одземањето живот на кит не е полошо од убивањето вол. Китот е храна“.

Голем е товарот кој го донесов на бродот со оглед на тоа што одраснав хранета од антикитоловски протести. Но минаа само 50 години откако Британија го забрани ловот на китови, а во времето по Втората светска војна многу луѓе го обожуваа месото од китови.

Се утешував дека убивањето ќе биде брзо. Во девет од десет случаи, ми рекоа, гранатата експлодира во мозокот на китот и предизвикува моментална смрт.

Само, денес не одеше се по планот. Минаа три минути откако китот беше погоден со харпун. За скоро сето време, китот беше под површината.

Одеднаш исплива и видовме голема дупка на грбот каде харпунот влегол.

Минаа уште две минути пред китот целосно да исплива и Фред да ја заврши работата.

Се сврте кон мене со загрижена фаца. - Да знаеш, скоро никогаш не се случува ова, рече тој.

Вината ја презема капетанот Јан - рече дека промашил и дека жали што ова се случило. Но тие се практични луѓе.

- Ова може да се случи при секаков лов, ми рече. - Ако раните елен, тој може да избега во шумата и нема да го убиете се до следниот ден.

Во следните неколку часа, Фред беше главен во сечењето на китот, познато како делкање.

Ја допрев кожата со прстите. Фред ја соблече кожата на китот како велкро.

Изнутриците отпливаа во водата како топка за одбојка на плажа, на радост на морските галеби.

Додека ја фрлаше мршата во водата, Фред викна: „Ти благоарам за месото“. Осум кременадли, долги по еден метар, лежеа на палубата. Тие на секој од екипата ќе им донесат по неколку стотини фунти.

Месото се подготвува малку пржено, со путер и лук. Или пак чадено, и се јаде со крекери и павлака. Локалните жители лудуваат по ова.

Но можеби нема уште долго да уживаат во ова.

Младите од Лофтен одбираат да живеат во градовите и затоа не останале мажи кои ќе работат на бродовите.

Јан мрмори: „Природно е. Сега имам 69 години. Кога ќе се вкотвам, ова ќе биде единствениот брод во областа“.

Се симнав од бродот, присетувајќи се колку малку сличност има меѓу капетанот Ахаб во „Моби Дик“ со Јан и возачот на амбуланското возило Фред.

И колку е поразлично морето од кланицата.

текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »