речник контакт

Лозово со повисоки парични награди за новороденчињата

Откако е на сила оваа награда во општината родени 72 бебиња. За ергени над 40 години досега три брака со надоместок од 20 илјади денари

Петар Печков

Општина Лозово донесе одлука да го зголеми паричниот надоместок за новороденчињата. За трето и повеќе родено дете родителите  ќе добиваат по 10 илјади денари наместо досегашните седум, додека за прво и второ родено дете ќе добиваат по 7 илјади денари наместо досегашните пет.  Одлуката за повисок еднократен паричен надоместок е донесена на седница на Советот на Општината. 

Секое дете е богатство и за семејството и за државата. И овие пари не се многу и во иднина и нив ќе ги зголемиме. Како резултат на оваа наша социјална политика досега овие две години во општината се родени 72 деца, бројка што радува.  - изјави заменик градоначалникот Коста Штерјов.

Локална власт на Лозово обезбедува средства и за прв брак на   ергени над 40 години и девојки над 35 години, кои  добиваат по 20 илјади денари.  Досега  има три  такви случаи  во општина Лозово. Во општината последните три години има дојдено   22  жени од Албанија кои се омажиле за локалните ергени  и досега родиле 20 -тина деца. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »