речник контакт

Лозово добива шест асфалтирани улици

Се асфалтира и патот Милино - Каратманово

Петар Печков

Во Општина Лозово во тек се градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улици и локални патишта. Инвестицијата е во вредност од 6,5 милиони денари.

Со средства од Програмата за рурален развој се реконструираат и асфалтираат осум улици во Општина Лозово од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово. По асфалтирањето на овие 8 улици, жителите на територија на Општина Лозово, по 24 години од денот на Формирање на Општина Лозово за првпат ќе имаат асфалтирани улици – изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Исто така, со средства во износ од 18.6 милиони  денари од Програмата за рурален развој се реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села Милино и  Каратманово. Досега се реализирани околу 40% од вкупниот проект за асфалтирање на овој пат. 

Првпат се асфалтира локалниот пат Милино – Каратманово и на овој начин повторно го враќаме во функција патот кој поради калта и дупките беше заборавен и не се користеше. Преку овој локален пат, месното население добива нов, квалитетен и побрз пристап до Свети Николе. Исто така преку Програмата за рурален развој за првпат ќе се асфалтираат неколку улици во Лозово, Дорфулија и Каратманово, а партерно ќе се уреди и просторот околу црквата Св. Ѓорѓи во селото Гуземелци  - кажа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Ова е инвестиција со којашто конечно ќе се поврзат трите општини од Вардарски Плански Регион  Велес, Лозово и Свети Николе.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »