речник контакт

Локалната власт бара фотографии од Велес

Потребни се за монографија и брошури за градот

Петар Печков

 Подготвувајќи монографија и брошури за Велес, локалната власт побара од сограѓаните доколку имаат било каква  фотографија од градот, да ја испратат до нив.  

 Постојниот рекламен материјал е надминат, потребен е нов. Годинава ќе се издаде нова брошура и монографија за Велес. Затоа ни се потребни фотографии од последните две годни, за новите содржини кои   Велес ги доби, но и панорама. Може и слики до стар Велес, се е добредојдено - изјави Катица Чадиева од локалната власт .

 Истите можат да се испраќаат ан следната електронска адреса:    opve@veles.gov.mk  . Сопствениците чии фотографии ќе бидат објавени, ќе бидат впишани во монографијата или брошурата, додека на останатите ќе им бидат вратени.  

Од 8-ми февруари кога е отворен повикот, до денес имало десетина пристигнати фотографии а подоследниот рок на испраќање е 7-ми март.   На овој начин од локалната власт додаваат дека се отвора можност секој граѓанин да даде свој личен придонес во промовирањето на својата општина, но и свое лично промовирање пред јавноста.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »