речник контакт

Локалната власт за социјалците нуди простории во новиот дел на градот каде ќе добиваат оброк

Црковната народна кујна може повторно да се активира до година, но од локалната власт

Петар Печков

Општината нуди   простор каде лицата  од социјално ранливите категории кои добиваат бесплатен  ручек,  ќе можат да го   подигнуваат од   новиот дел на градот. Ова доаѓа  откако ТрМр ги пренесе реакциите  на засегнатите, дека мораат да одат пеш   по неколку километри од најоддалечените делови  на градот за да стигнат до Автобуската станица и го подигнат оброкот.

На Министерството за труд и социјала преку кое се поделува ручекот, ние како локална власт им понудивме две локации во новиот дел на градот, на располагање да делата ручек. Тоа се просториите на Месната заедница  9-ти Ноември или Алексо Демниевски Бауман. И тоа без надомест, нека одлучат и веднаш ќе им го отстапиме неколку часа во денот да бидат за поделување на оброкот. Ако им одговараат на нивите стандарди ние стоиме на располагање. Не е во ред некој до населба Тунел да оди преку цел град за да добие ручек – вели градоначалникот Чадиев. 

Од почетокот  на месец мај, откако храна повеќе не се дели по клоновите на детските градинки, социјално ранливите категории од Велес ја добиваат во  адаптирана простија во Агенцијата за вработување. Некои за неа мора да пешачат по 40 степени низ цел град со часови за да обезбедат оброк. ТрМр пишуваше дека жена која прима хемотерапија доаѓа од  Шорка, пензионер пешачи по 3-4 часа. Затоа од 110  во средината на јули, кои тогаш беа  на листата, доаѓаа околу 60 до 70 лица. Сите беа задоволни од квалитетот, но бараа храната да се дели и во Нова  населба. 

На прашањето  до ТрМр што планираат со  просторијата, која е сопственост на локалната власт  каде беше сместена Црковно-народната кујна во месноста Дворови, градоначалникот  вели дека следната година можно е да започне со работа.

Да не`` информираа дека имаат проблеми, ние како локална власт ќе излезевме во пресрет, ќе обезбедевме извесни средства. Планираме да ја активираме за следната година. Да имаше барање да ги плаќаме сметките за вода и струја, за што се пожалија, сигурно дека Советот едногласно ќе го  усвоеше, но никој од црквата не побарал – вели Чадиев.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »