речник контакт

Локалното дерби за ФК Превалец, ФК Илинден победи во гости

Започна футсал лигата, КМФ Велес загуби од КМФ Цико. Ракометарите на РК Борец поразени од РК Аеродром. Се одиграа и првите три кола од пинг понг лигата. Кошаркарот Тасков потпиша за КК Гостивар

Петар Печков

Започна првенството во Првата македонска футсал лига. Во првото коло КМВ Велес, кој настапува со осетно изменет и подмладен  сосав, играше со екипата на КМФ Проект Цико од Јосифово, која ги собра најдобрите македонски футсал играчи, меѓу нив и велешките. Со таков однос на силите, домаќините победија со  13:2. 

Во петтото коло од Третата фудбалска лига Центар, во Превалец се одигра  локалното дерби меѓу ФК Превалец и ФК Локомотива од Градско. Домаќините славеа со 2:0. ФК Илинден од Башино село славеше во прилепско Мажурчиште, со 1:2. над последно пласираниот ФК Динамо. По ова коло ФК Превалец е втор со ист број бодови како лидерот ФК Росоман, пет победи од пет натпревари, но со послаба гол разлика. ФК Илинден БС е 8-ми со шест бода а ФК Локомотива е 13-та претпоследна со еден бод. Во следното коло се  игра дербито помеѓу првиот и вториот, ФК Превалец  гостува во Росоман, средбата се игра в сабота.  ФК Илинден БС гостува во Неготино на третопласираниот Вардар а ФК Локомотива игра дома со  ФК Обршани, кој е 7-ми со седум бодови.

Во второто коло од Првата ракометна лига, група 2,  РК Борец загуби во Скопје од РК Аеродром со 37:21 (19:10). По две кола младата велешка екипа е без бодови а во третото играат со РК Младост од Богданци. 

Во Првата пинг понг лига, се одиграа три кола. Пингпонгариуте на Борец ТИМ забележаа една максимална победа над Струга со 4:0 и два порази од Мултитекс 2:4 и Кочани 1:4.

Пред стартот на новото првенство велешкиот кошаркар Оливер Тасков (21 год)потпиша за прволигашот КК Гостивар. Тој минатата сезона настапуваше за екипата на КК Скупи. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »