речник контакт

Локациите покрај езеро Младост за одмор

И годинава локациите за одмор покрај езеро Младост ќе ги издава локалната власт на општина Велес, откако пропадна можноста просторот, државата да го изнајми како автокамп.

Петар Печков

И годинава локациите за одмор покрај езеро Младост ќе ги издава локалната власт на општина Велес, откако пропадна можноста просторот, државата да го изнајми како автокамп. По цени исти како ланските, наредните месеци летувалците ќе можат да одмараат покрај брегот на езерото.

Тампонирани се 58-те локации до кој е доведена струја а деновиве ќе бидат поставени и подвижните санитарни тоалети, со што ќе се овозможи гостите да постават приколки или шатори и летуваат – велат од општина Велес. Минатата година тука престојуваа годишноодморци од Велес, Скопје, Штип, Свети Николе, за цена од 100 денари за 4 дена, 1,5 илјади за еден месец до 3,5 илјади денари за три месеци. На овој простор покрај брегот на езерото беа планирани да се изградат два авто кампа, но на тендерот од Министерството за транспоrт и врски не се јави ниту еден заинтересиран, по што општина Велес и годинава ќе стопанисува со овој простор.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »