речник контакт

Луан Старова е добитник на Рациновото признание

Луана Старова е годинашниот добитник на „Рациновото признание“ за неговото дело „Потрага по Елен Лејбовиц“ во издание на Матица Македонска, објави жири комисијата. Ова престижно признание ќе му биде врачено на авторот на јубилејните „45 Рацинови средби“ кои ќе се одржат од 11-ти до 13ти јуни во Велес. Добитникот Старова не го криеше задоволството од добиената награда.

Петар Печков

Луана Старова е годинашниот добитник на ,,Рациновото признание,, за неговото дело „Потрага по Елен Лејбовиц“ во издание на Матица Македонска, објави  жири комисијата. Ова престижно признание ќе му биде врачено на авторот на јубилејните „45 Рацинови средби“ кои ќе се одржат од 11-ти до 13ти јуни во Велес. Добитникот Старова не го криеше задоволството од добиената награда.

Ова награда, без лажна скромност,  ми е најдрага во подолгата листа на признанија што ја имам добиено во Македонија. Рацин освен автор, е симбол и на други вредности во животот и творештвото. Уште повеќе ме прави среќен моментот што оваа година  одбележувам 60 години творештво на македонски јазик. Јас првите строфи во животот што ги научив беа од Рацин, на тоа сум посебно горд –изјави Старова, кој беше спречен да присуствува на прес конференциајта каде беше обелоденето дека тој е добитникот на „Рациновото признание“. Жири комисијата во состав Венко Андоновски, Гане Тодоровски и Петре Бакевски на јавниот конкурс добиле осум дела во конкуренција за оваа награда, тие во потесниот круг ги избрале  „Нишан“ од Блаже Миневски, „Џелатот“ од Иван Чаповски и „Бела чума“ од Трајан Петровски и едногласно се решиле за делото на Старова. Претседателот на жирито Андоновски  смета дека со годинашниве содржини  со квалитетот на прозната продукција, Рациновите средби се враќаат во културната мапа на Македонија.

\"\"Рациновите средби се пандан на Струшките вечери на поезијата, тоа што таму е празник на поезијата тука е прозата. Овие две се клучните македонски книжевни манифестации, иако Рациновите средби беа во сенка на Струга. Откако власта сфати што значи Рацин, како и иницијативата на градоначалникот, од година во година се враќа сјајот на манифестацијата, иако понекогаш се обидуваме  ненамерно да го намалиме нивното  значење – изјави Венко Андоновски за манифестацијата која е најавена за 11-ти и 12-ти јуни. На истата ќе биде доделено и Почесното Рациново признание на чешкиот македонист проф. Иван Доровски, надворешен член на МАНУ, кој докторирал на темата творештвото на Жинзифов во украинската и руската литература, професор на Универзитетот во Брно. На 45-тите Рацинови средби ќе се одржи и симпозиум  насловен „Рацин и Богомилството“  која раководителот проф. Кристина Николовска го најави како провокативна и неистражена тема.Од планираните содржини на манифестацијата се издвојвуваат и настапот на хорот Мирче Ацев и маестро Борис Трајанов на отварањето на 11-ти јуни во 20:30 часот, додека за следниот ден е најавен концертот на Биља Крстиќ  и Бистрик оркестра со почеток во 22 часот.Овие настани доколку времето послужи ќе се одржат во Амфитетарот во Младинскиот парк, а како алтернатива е Големата сала на Општината.
\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »