речник контакт

Лук ниту за лек, на велешки пазар

Луѓето го купуваат како превентива од корона вирусот иако СЗО вели дека нема доказ за ваквите тврдења

Петар Печков

Петочно на Градскиот пазар во Велес  немаше млад лук. Се потрошил уште рано претпладнето. Според продавачите ваква побарувачка на млад лук во велешко не се памети. 

Уште во 10 часот се продаде. Имав 30 врзопа, но се бргу заврши. Јас сум 40 години производител на ран зеленчук во градов, ваков ден  не се случил. Секогаш младиот кромид се купувал, но сега младиот лук. Велат дека им требал заради корона вирусот.  За в недела ќе наберам повеќе количини - вели жена која продава зеленчук на пазарот. И додека млад лук нема, млад кромид и марула има во големи количини.  

СЗО има и посебна интернет-страница на која служи за разбивање на верувањата како да се спротивставиме на  корона вирусот. Меѓу другото пишува  ,,не постои доказ дека јадењето лук ги заштитува луѓето од новиот корона вирус“. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »