речник контакт

МВР поднесе кривични пријави против петмина раководни лица во СВР Велес

Кривичната е против полициските службеници З.Ј., М.А., , Т.А., Е.Т. и Т.И. за несовесно работење во службата“ а сторената штета е проценета во износ од 34.300 денари

Петар Печков

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР постапувајќи по примена анонимна претставка  поднесе кривични пријави за кривично дело  “несовесно работење во службата“ , против полициските службеници З.Ј., М.А., , Т.А., Е.Т. и Т.И. Таа се однесува за  настан од 9-ри декември  мината година,  во село Горно Врановци, во кој постапувале полициски службеници од СВР Велес.  Како оштетен се јавуваат  ЈП Национални Шуми, а сторената штета е проценета во износ од 34.300 денари.

Според анонимната пријава, на 09-ти декември лани , во Горно Врановци, при вршење на контрола од страна на полициски службеници од ПО Чашка, околу 15,40 ч. бил сопрен трактор со приколка натоварен со дрва, при што од полициските службеници било повикано засилување бидејќи на местото на настанот пристигнала голема група жители од околните села, по што на лице место дошле други полициски службеници со формациско вооружување и полна опрема (панцири), а исто така и увидна екипа од СВР Велес, која извршила фотографирање на моторното возило и дрвата.

Поради големиот притисок да не се одземат тракторот и дрвата, на лице место пристигнале и полициските службеници началник на СВР Велес З.Ј., началник на Одделението за полиција Е.Т., а нешто подоцна и командирот на ПСОН Велес Т.А. и помошникот началник на СВР Велес, М.А. На лице место бил и градоначалник на Општина Чашка, како и полициски службеници од Шумска полиција.

Полициските службеници на местото на настанот констатирале дека биле исечени околу седум просторни метри разни видови огревно дрво (габер, бука и костен) а во приколката на тракторот марка “CHANGFA 454“ (без регистарски таблички) биле натоварени уште околу два кубни метра дрва (по првична проценка на полициските службеници). Исто така лицата биле идентификувани а се работело за   Ќ.С. (36) со привремен престој во Италија и Н.А. (19) и двајцата од село Горно Врановци.

Од присутните раководни полициски службеници, во постапувањето по настанот биле дадени насоки настанот да се заведе како “пронајдени предмети – дрва‘‘ , а тракторот со приколката да се врати на сопственикот, а изготвените фотографии од увидната група да не се изработуваат.

Во  електронскиот билтен на МВР бил отворен настан и потребата истиот да се затвори од страна на водичот на безбедносен реон од ПО Чашка Т.И., телефонски било стапено во контакт со командирот на ПСОН Велес Т.А. откако го запознал со превземените мерки, односно сочинетата потврда за привремено одземени предмети и Записникот за предадени предмети, на Т.И. му била издадена наредба истите да се уништат и да се изготват со “пронајдени предмети од НН сторител“. Така што по ова од ШПС Велес било побарано да се издаде нова потврда за предавање на предмети. Во однос на целиот случај од страна на ПО Чашка, ПСОН Велес и СВР Велес, во наредниот период не се превземени никакви понатамошни активности ниту настанот е елабориран на работните состаноци на раководната структура на СВР Велес.

 

Сепак околу настанот  од 09.12.2019 год., во  Горно  Врановци, ОЈО Велес со Наредба доставена до СВР Велес 09.01.2020 година, бара - во врска со поднесена Кривична пријава бр. 141-148/5 од 24.12.2019 година од страна на ШПС Велес - да бидат превземени активности во однос на пронаоѓање на сторителот на пријавеното кривично дело, која е проследена за постапување во ПО Чашка

Во постапувањето по предметната наредба, од страна на задолжениот полициски службеник, Т.И. водич на безбедносен реон во ПО Чашка , без да се извршат бараните проверки, паушално е изготвено Известување од 03.02.2020, за што е и изготвен и пропратен акт до ОЈО Велес , кој не е заведен со број во Деловодната книга на СВР Велес.

Во врска со настанот бил изготвен записник за предавање на предмети (дрва) кој го примил и потпишал службеник од Шумската полиција, со забелешка дека предметите се одземени од Ќ.С., а исто така од ЈП Национални и Шуми -шумско стопанство “Бабуна“ е поднесен Записник за примање на пријава , со оглед на тоа што како оштетен се јавува ЈП Национални Шуми, за сторена штета во износ од 34.300 денари. Дрвата биле обезбедувани цела ноќ од Шумска полиција и ЈП Македонски Шуми се до утредента кога бил обезбеден утовар и превоз на истите од страна на  ШС “Бабуна“, во склад за што била сочинета потврда за превоз на предмети

По сите направени проверки на ОВККИПС констатирано е дека полициските службеници З.Ј. како тогашен началник на СВР Велес, М.А. како помошник на началникот на СВР Велес, Т.А, како командир на ПСОН Велес, Е.Т. како началник на Одделението за полиција при СВР Велес, Т.И. како водич на безбедносен реон во ПО Чашка, по однос на законското ефектуирање на самиот настан, сториле повреди на низа интерни правни акти на МВР особено во делот на надлежностите и обврските за постапување, но и повреди на одредби на Кривичниот закон и Законот за кривична постапка, дотолку повеќе што од увидот во фактографијата на самиот настан јасни се индициите за сторено кривично дело по член 235 став 3 од КЗ - кражба.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »