речник контакт

МИЛИОН посети на ТРМР во 2012 !!!

Најстариот велешки портал, со осум години стаж забележа рекордна посета

Петар Печков

 ТРМР  Ви благодари за довербата која му ја подаривте. Во текот на 2012 година статистиката покажува дека имало  1.007.911 посети, од 385.108 посетители, од кои нови за прв пат што ја отвораат страницата се  89.080.  Вашите јавувања за градските проблеми доволно зборуваат, дека препознавте место каде можете да се пожалите.

Животните приказни на велешани кои ТРМР ви ги донесе беа најчитаните. Страницата која е отворена 24/7 го бележеше пулсот на градот. Дознавте дека за прв пат ќе имаме велешанец кој ќе настапува на Олимпијадата, прочитавте за животот на ракометарите  Темелков и Манасков, дознавте дека оџата побегна со љубовницата,  дека во Велес првата пита се правела  уште во 1896-та година, дека дипломата бр.1 на Медицински факултет Скопје е кај велешанец ,  дознавте за младиот научник Александар Солев  кој доби светски признанија, читавте интервју од велешката фолк ѕвезда Вале Гулабица...  

На страницата се пласирани 1.173 информации а ова се десетте топ читани  стории:

Ексклузивно: Велешани први во Македонија подготувале пастрмалии уште во 1869

Замина велешкиот Павароти, Миле Мувата- Миле Бошков

Пречек за ракометните херои, велешаните Темелков и Манасков

Солзи и радост за благодарност до докторот

Велешката Питијада на нов простор и со нов термин

Нов сообраќаен режим на улица Благој Ѓорев

Велешките маала ( ретро)

Велешанецот др Цветко Арсов ја има дипломата број еден на Медицинскиот факултет од Скопје

Велешанецот Ефремов ќе трча на Олимпијадата во Лондон!!!

Најмногу посети на ТРМР има од Македонија, САД, Германија, Канада, Италија... Но имавме и од Монголија??, Исланд, Кина, Колумбија, Еквадор.. Или од таму каде има велешани. ТРМР и годинава ќе биде со Вас.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »